КУЌАРКИТЕ ОД НОВА ГОДИНА ПАК ВРАТЕНИ НА ПЛОШТАД, ГРАД СКОПЈЕ НЕ КАЖУВА ЗОШТО

    КУЌАРКИТЕ ОД НОВА ГОДИНА ПАК ВРАТЕНИ НА ПЛОШТАД, ГРАД СКОПЈЕ НЕ КАЖУВА ЗОШТОКамиони од јавните претпријатија на Град Скопје ги поставуваа куќарките на плочникот.(Фото: СДК.МК)

    Пак се вратени новогодишните куќарки на Плоштад Македонија. Денеска камиони од јавните претпријатија на Град Скопје ги поставуваа куќарките на плочникот, кои беа тргнати пред еден месец.

    Од Град Скопје денеска не добивме одговор на нашето прашање зошто повторно се поставуваат куќарките и зошто пред еден месец беа отстранети кога сега пак се враќаат.

    ДУИ имаше митинг на Плоштадот Македонија 21 април, пет дена откако беа тргнати куќарките. (Фото: Фејсбук)

    Куќарките беа тргнати на 15 април. Оттогаш на Плоштадот Македонија се одржа само митингот на ДУИ на 21 април. Друг настан немаше.

    Куќарките беа поставени на Плоштадот пред Нова година, и четири месеци стоеја празни и затворени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира