Адеми: Заклучивме дека Европскиот фронт има легитимитет да преговара за Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арбр Адеми, излегувајќи пред медиумите по состанокот на ДУИ во Речица, ги соопшти трите точки кои денеска беа дискутирани на состанокот на Централното раководство на партијата, пренесува ТВ21. Првата точка е констатирано дека Европскиот фронт го добил легитимитетот да формира Влада.

„Утврдено е дека легитимитетот му припаѓа на Европскиот фронт и на партиите кои го сочинуваат Европскиот фронт во согласност со Охридскиот договор… Овој легитимитет е добиен од гласачите и не може да се отстапи ниту со политички договор за менување на волјата на граѓаните во соодветните институции кои се одговорни за непречено одвивање на процесот“, рече Адеми.