Дворот на Владата како џунгла – Џафери и Арсовска во меѓусебни обвинувања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вака изгледа дворот на Владата неколку дена пред да заврши со работа техничката влада.

Тревата достигнала висина од околу 1 метар.

Во врска со ова го прашавме техничкиот премиер Талат Џафери. Тој прстот го впери кон Град Скопје, поточно кон ЈП Паркови и зеленило.

Веднаш реагираа од Град Скопје. Велат дека Џафери не знае кој треба да се грижи за дворот на Владата.

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува“, велат од Град Скопје

Од Град Скопје објаснуваат дека ЈП Паркови и зеленило има надлежност само за булеварите на градот и просториите кои се под надлежност на претпријатието според законот. Доколку од Влада сакаат такви услуги, тогаш, како што велат, треба да потпишат договор со претпријатието.