Адеми: ДУИ останува на својата позиција – уставни измени се услов за Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неопходни се уставни измени и ДУИ останува на главниот став искажан пред изборите, дека нема формирање Влада без уставни измени. Ова го изјави Арбр Адеми од ДУИ, по средбата што се одржа во Речица, пренесува ТВ21.

„Секако дека ова е неопходно. Граѓаните очекуваат нашиот европски пат да продолжи, а уставните измени во согласност со преговарачката рамка се неопходни за такво нешто. Значи остануваме на се што кажавме пред изборите. И денеска, по изборите, сме на овој прв состанок на Централното претседателство – остануваме на таа главна позиција да продолжиме и да ја обезбедиме европската перспектива, а обезбедувањето на европската перспектива значи и промена на Уставот во согласност со преговарачката рамка одобрена од Европската Унија“, рече Адеми.