Давачките за електричните возила во САД ќе се зголемат за четири пати

фото: ЕПА

„Волстрит журнал“ објави дека САД планираат да ги зголемат тарифите за кинеските производи за чиста енергија. Се очекува да се зголемат давачките за електричните возила приближно четирипати.

Тој потег, како што објави Волстрит журнал, доаѓа на крајот на долгоочекуваната анализа на царините што беа наметнати за време на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. Тогашниот претседател Доналд Трамп воведе царини на стоки од Кина во вредност од околу 300 милијарди долари.

Официјалните лица оттогаш иницираа преглед на активностите, при што од трговскиот претставник на САД се бара да го разгледа влијанието на давачките — првпат воведени во 2018 година — по четири години.

Одлуката, што се очекува во наредниот вторник, според извештаите, ќе дојде додека претседателот Џо Бајден се подготвува за реванш со Трамп на претседателските избори во ноември, пренесе МИА.

Минатиот месец тој побара тројно зголемување на тарифите за кинескиот челик и алуминиум додека држеше говори во државата Пенсилванија.
Тарифната стапка за електричните возила, исто така, треба да се зголеми од 25 проценти на околу 100 проценти, се додава во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот