Линкови за пристапност

Хамас рече дека напорите за прекин на огнот во Газа се враќаат на почеток


Густ, црн чад се издига од пожар во зграда предизвикана од израелско бомбардирање во Рафа во јужниот дел на појасот Газа, на 10 мај 2024 година, во услови на тековен конфликт меѓу Израел и палестинското движење Хамас (Фото: АФП)
Густ, црн чад се издига од пожар во зграда предизвикана од израелско бомбардирање во Рафа во јужниот дел на појасот Газа, на 10 мај 2024 година, во услови на тековен конфликт меѓу Израел и палестинското движење Хамас (Фото: АФП)

Палестинската милитантна група Хамас денес рече дека напорите да се договори прекин на огнот во појасот Газа се вратиле на почеток откако Израел ефективно го отфрли предлогот на меѓународните посредници.

Хамас во соопштението рече дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа својата стратегија за преговори за запирање на седуммесечната војна, предизвикана од неговиот смртоносен напад врз Израел на 7 октомври.

Обединетите нации предупредија неколку часа претходно дека помошта за Газа би можела да запре по неколку дена откако Израел ја презеде контролата оваа недела на преминот Рафа меѓу Газа и Египет, витален пат за снабдување на опустошената палестинска енклава.

И покрај жестокиот притисок на САД, Израел соопшти дека ќе продолжи со напад врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, каде што повеќе од еден милион раселени луѓе побарале засолниште, а израелските сили велат дека милитантите на Хамас се кријат.

Израелските тенкови го зазедоа главниот пат што ги дели источните и западните делови на Рафа денес, практично опколувајќи го источниот дел на градот во напад што предизвика Вашингтон да блокира дел од воената помош за својот сојузник.

Индиректната дипломатија не успеа да стави крај на војната, која здравствените власти во Газа, која е под контрола на Хамас, велат дека убила речиси 35.000 луѓе по нападот на 7 октомври.

Околу 1.200 луѓе беа убиени во Израел, а 253 беа земени како заложници на 7 октомври, според израелските податоци.

Преговорите за прекин на огнот во Каиро прекинаа во четвртокот без договор за запирање на борбите и ослободување на заложниците.

Хамас соопшти дека на почетокот на неделата се согласил со предлогот поднесен од катарските и египетските посредници, кој претходно бил прифатен од Израел.

Израел рече дека предлогот на Хамас содржи елементи што не може да ги прифати.

„Одбивањето на предлогот на посредниците од страна на Израел преку амандманите што ги направи ги врати работите на почеток“, се вели во петочната изјава на Хамас.

„Како резултат на однесувањето на Нетанјаху и отфрлањето на документот на посредниците , нападот на Рафа и окупацијата на преминот, раководството на движењето ќе одржи консултации со братски лидери на палестинските фракции за да ја разгледа нашата преговарачка стратегија“.

XS
SM
MD
LG