Македонија
10. May 2024 - 19:58

Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор

По една година полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица. 37-годишникот од Скопје од септември минатата година е веќе во затворот Шутка поради тешка кражба.

Како што соопшти МВР, тој ќе одговара за две дела, „тешки дела против општата сигурност“, за што е предвидена затворска казна од една до 10 години  и „предизвикување општа опасност“ за што е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Пожарот го подметнал во т.н. просторија за компензација на топловод, а потоа се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ Снабдување.

Полицијата разговарала со сведоци, но го издале отпушоци од цигари и запалка.

-По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот, лицето И.Х. од Скопје и против него денеска до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава, објави техничкиот министер за внатрешни, Панче Тошковски.

Мостот Беласица е една од главните сообраќајни артерии. Поради големите оштетувања на мостот цели два месеци мостот беше надвор од функција па скопјани беа принудени да глават во гужвите кај Народна Банка. Речиси 10 месеци на мостот беа пуштени само две ленти во двата правци, а по неколку испитувања дури на 1 мај годинава Град Скопје целосно го пушти за сообраќај.