ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, интервју со Арбен Таравари: Направени се неправди кон Македонија и Македонците, но патот е еден – кон ЕУ

Арбен Таравари, доктор и градоначалник на Гостивар, лидер на Алијанса за Албанците кој пред избори остана без печатот на партијата, еден од четворицата лидери на Коалицијата Влен (Вреди) од албанскиот блок, коалиција која оствари завиден резултат со можност доколку успеат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ да го детронизира ДУИ и по 22 години владеење да го испрати во опозиција е гостин во поткастот „Политиканти“.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова прво интервју по изборите направено со човек кој извесно ќе биде дел од новата власт повеќе разговараа за иднината отколку за минатото.

Таравари иднината ја гледа во ЕУ, а своето политичко дејствување во таа насока. Но, какво е неговото мислење за ставовите за идниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ во однос на европскиот пат? Ќе се постигнат ли уставни измени за 6 месеци? Што ќе видиме во првите 100 дена од новата влада? Ќе има ли ветинг? Ќе има ли реваншизам? Кои се столбовите на идната заедничка влада на ВМРО-ДПМНЕ и Влен?

Одговорите на овие и уште неколку битни прашања за нашата иднина слушнете ги во најновото издание на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот