Поднесени 17 приговори до ДИК – од ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Државна Изборна Комисија/ Фото: МИА

Коалицијата „Вреди“ поднесе до сега  девет од приговори, а ВМРО – ДПМНЕ осум во врска со постапката за утврдување на изборните резултати информираше Државната изборна комисија.

Оние од „Вреди“ се однесуваат за општините Тетово, Желино, Боговиње, Гостивар и Врапчиште. Од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на постапката на сумирање на резултатите за парламентарните избори во општините Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен.

 

За резултатите од претседателските избори засега не се поднесени приговори.

„До 19 часот заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, а се уште течат можностите за поднесување приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите до 22:30 часот за претседателските избори и до 23:30 часот за парламентарните избори“, изјави портпаролката на ДИК за ТВ Сител.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот