Како би изгледало Собранието со новиот состав?! – ВМРО-ДПМНЕ само со Вреди би имале 71 пратеник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Врз основа на резултатите и освоените мандати, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да започне преговори за формирање на парламентарното мнозинство. Според предизборната, но и пост изборната реторика, на официјални лица на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство ќе го сочинуваат пратенции на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВРЕДИ, а најверојатно и ЗНАМ на Максим

Димитриевски, иако за последното нема конкретна потврда.

Доколку се случи ова, како би изгледал новиот парламент?

Ако погледнеме од позицијата каде што седи претседателот на Собранието, или говорницата, во задниот дел од десната страна и во средина, веднаш зад позициите резервирани за министрите и премиерот во новата влада, ќе седат пратениците од парламентарното мнозинство. Тука би седеле 71 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ. Тоа е засега она најавена коалиција за која се вели дека преговорите ќе почнат во победелник, а првите контакти, телефонски се остварени.

Во делот резервиран за владејачкото мнозинство во законодавниот дом, постои голема веројатност да седнат и 6-те пратеници на Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски. Но, ова се уште е под знак прашалник, зависно дали ќе стане или не оваа партија дел од парламентарното мнозинство.

Левата страна на Собранието, вобичаено им припаѓа на пратениците на опозицијата. Тука би седнале пратениците на Европски Фронт со 19 мандати, на коалицијата предводена од СДСМ со 18 и Левица која освои шест пратенички места. Ова значи дека опозициските партии и коалиции би имале 43 пратенички места.

Но, во интервју за Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со голема веројатност новиот мандатор, очекува до 28 мај да има 61 пратеник за новото парламентарно мнозинство и тоа без оние на ВРЕДИ или Движењето ЗНАМ.

Мицкоски не открива имиња, па останува да се види дали неговите прогнози ќе се остварат. За потсетување, за уставни измени потребни се најмалку 80 пратеници за да бидат изгласани, а иако се услов од страна на албанските политички партии, ВМРО-ДПМНЕ постојано порачува дека под вакви услови, какви што се сега, уставн измени нема да има.