Бидете внимателни: За многумина е помош при патувањa, но може да предизвика сериозна инфекција

Фото: Pexels / Gratisography

Експерт ги предупредува туристите дека еден од додатоците за патување може да доведат до сериозно оштетување на очите. Бидејќи многу популарни дестинации за одмор се оддалечени со лет повеќе часа, некои туристи сакаат да носат маска за очи за да им помогнат да спијат на пат.

Сепак, Курам Сарвар, оптичар, предупредува дека доколку често користите маски за очи, тие мора редовно да се чистат за да се спречат инфекции, пренесува „Експрес“.

„Маските за очи се одлично решение доколку имате проблеми со спиењето, а студиите покажуваат дека кога спиете во затемнето опкрушување, многу подобро спиете. Темнината создадена од маската за очи може да му помогне на вашето тело да произведе повеќе мелатонин, да го подобри вашиот режим на спиење и да направи да се чувствувате порелаксирано“, рекол тој.

Но, Сарвар додаде дека маските за очи ги собираат бактериите, нечистотијата, шминката, природните масла и потта ако не се мијат или менуваат редовно, и на овој начин може да предизвикаат сериози инфекции на очите.

Туристите треба редовно да ги мијат маските за очи за да избегнат инфекции. Се препорачува доколку туристот почувствува болка додека носи маска за очи, веднаш да престане да ја користи и да се консултира со стручно лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот