Нема дијалог, нема пари: ЕК предупреди дека Србија и Косово нема да добијат помош ако не ги средат односите

Нема дијалог, нема пари – Европската комисија предупреди дека Србија и Косово нема да добијат помош ако не си средат односите. Двете земји треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија.

„Нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни. И Србија и Косово ризикуваат да изгубат важна можност поради недостаток на напредок“, рече еден од портпаролите на Европската комисија за РСЕ.

Според европските челници, двете земји мора да се насочат кон спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите.

ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ на шесторкста од тој регион.

За Србија и Косово, исто така, постои предуслов – „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори. во бриселскиот дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот