Двајца небинарни луѓе во финалето на Евровизија: „Имаме многу заеднички работи и се разбираме“

Фото: Profimedia

Годинашните евровизиски претставници на Швајцарија и Ирска, Немо и Бамби Таг, се декларираат како небинарни луѓе и ја користат заменката „тие“.

Музичарите проговорија на оваа тема за време на прес-конференцијата по второто полуфинале на Изборот на песна за Евровизија.

„Прекрасно е да се знае дека не сме сами оваа година и дека сме во ова заедно. Имаме толку многу заедничко и се разбираме и можеме да го споделиме своето искуство еден со друг. Ние сме многу благодарни за тоа. Важно е да можеме да им се претставиме на луѓето оваа година бидејќи има толку многу уметници како нас“, вели Немо.

Помага, вели Немо, да се знае дека има квир музичари и тоа им било олеснителна околност во животот.

„Има толку многу квир уметници, луѓето гледаат во нас и се инспирираат. Знаеме колку ни значеле квир иконите во текот на нашите животи. Драго ни е што сме дел од тоа“, заклучи Немо.

Швајцарија настапи во второто полуфинале на Евровизија со песната „The Code“ и се пласираше во финалето, каде ќе настапи со реден број 21. Ирска се појави во првото полуфинале, непосредно пред Бејби Лазања. Тие се натпреваруваат со песната „Doomsday Blue“, а во финалето настапуваат под реден број 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот