Борел и Вархеи: Идната влада да направи неопходни чекори за продолжување на европскиот пат

by Фокус

Македонија да ги исполни обврските за отворање на првиот кластер од преговорите со ЕУ – ваква порака испратија шефот на европската дипломатија  Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј до новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова и до оние кои треба да ја формираат новата влада.

– Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Северна Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани. Северна Македонија направи одлучувачки чекори во пристапот во ЕУ процес, и сега ќе биде важно да се спроведат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување“, стои во честитката.

Во честитката се истакнува и дека  ЕУ и Северна Македонија споделуваат силно партнерство, дека земјата целосно се усогласила со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поради што очекуваат соработката да продолжи и понатаму да се развива.

Поврзани новости