Кажа само два збора: Вилијам конечно проговори за здравјето на Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Принцот Вилијам денеска пристигна во пристаништето Сент Мери на островите Скили каде продолжи со своите формални обврски. За време на посетата, принцот од Велс разговарал за здравјето на својата сопруга и за првпат откри како е Кејт Мидлтон, пишува „Дејли мејл“.

„Добро е“, накратко рекол Вилијам за здравјето на принцезата.

Да потсетиме, во емотивна видео порака, снимена во Виндзор на крајот на март, Кејт Мидлтон откри дека има рак.

„Добро сум и секој ден станувам се посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам. Тоа што го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажуваат многумина од вас тоа ни значи многу…“, изјави неодамна Кејт.

Ракот на Кејт беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е ракот и побара од луѓето да не шпекулираат.

„Вилијам е исклучително горд на својата сопруга за храброста и силата што ги покажа не само во времето на нејзината приказна за ракот, туку и од почетокот на годината. Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран на осигурување дека неговата сопруга ја има приватноста таа треба целосно да закрепне и дека неговите деца се заштитени“, рекол изворот.

Се наведува и дека на двајцата им требало долго време да се соземат од веста, што воопшто не е лесно да се разбере. Исто така, голема задача беше да им ја кажат шокантната вест на своите деца.

Кетрин е пред Вилијам по популарност: Омразениот принц Ендру на последното место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот