Кој е победник, а кој ќе влезе во Владата!? – Европски фронт со многу повеќе мандати, но Вреди ќе формира Влада!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако се смета само бројот на гласови, победници на овие избори се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ односно Европскиот фронт, вели аналитичарот Жидас Даскаловски. Но, како што додава, тој очигледно е дека коалицијата ВРЕДИ слави еден вид на победа бидејќи е замислен партнер на победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, според Даскаловски,  веројатноста е голема дека тие ќе излезат како победници, бидејќи ќе влезат во составот на новата Влада.

И двете партии имаат некое право да кажат дека се победници, иако на крајот на денот, она што е битно во политиката е кој успева рационално со аргументи да дојде до она што е посакувано, а тоа е управувањето на државата. Во таа насока веројатноста е голема ВЛЕН да бидат тие што од албанскиот политички корпус, ако може така да кажеме,  ќе бидат дел од владата и ќе бидат на некој начин победници“, порача Жидас Даскаловски.

Но, како ќе се формира новиот владин состав ако уставните измени остануваат услов поставен од албанските политички партии, и Европскиот фронт, но и ВРЕДИ, кои имале меѓусебен договор по ова прашање уште пред изборите. Според Љупчо Зиков, ваков договор никаде не е заведен на нотар, па да е правно обврзувачки.

Политичката коњуктура после овие избори покажува дека ВМРО-ДПМНЕ победи дебело на овие избори, значи со 58, или колку…Ако изборите се фер и демократски, бидејќи тоа се мери во политичкиот простор, а се очигледно, тогаш легитимното право на ВМРО-ДПМНЕ е да го избере својот коалиционен партнер. Мислам дека ние треба да градиме таква култура, политичка дебата и на крајот политичка пракса“, вели Љупчо Зиков.

Но, според Кржаловски, едно е предизборната реторика, а на друг начин се разговара по изборите, кога ќе бидат познати бројките.

Ако се држат двете партии до тоа, веројатно нема да дојде до договор и веројатно нема да има коалиција.Но, јас би го цитирал од вчера Али Ахмети, кој во обраќањто, кога го прашаа за следна моќна коалиција, упати порака дека е време да се заборави предизборниот фолклор. Јас неколку пати коментирав во предизборието дека едни се муабетите пред 8-мај, многу други ќе бидат на 9-ти мај, кога ќе се видат бројките“, порача Александар Кржаловски.

Професорот Биљали не верува дека ВМРО-ДМНЕ и новата влада, кој и да биде во неа, ќе ги спроведе уставните измени.

Ако се гледа денот по утрото, многу е јасно дека, и со златни букви да се понуди нов договор, се нема цел, да се потпише тој и да се реализира, тоа е јасно како ден“, вели Мерсел Биљали.

Дел од учесниците во дебатниот магазин Клик Плус, се скептични околу уставните измени, и велат дека е можно доколку тие не се реализираат во период од шест месеци откако ќе биде изгласана новата влада, можно е државата да влезе во одредена политичка криза.