Меџити: Не влегуваме во Влада по секоја цена – Мицкоски: Не сакам преговори со ултиматуми!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новиот владин состав најверојатно ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ. Барем така потврдија претставници од овие два политички субјекти и партиски коалиции. Но изгледа дека преговорите за формирање на владата нема да бидат толку лесни бидејќи едната страна има услови а другата не сака преговори под ултиматуми. Изет Меџити во интервју за АРТ, рече дека ВРЕДИ не влегува во влада по секоја цена туку дека нивното учество ќе помогне за стабилна и сеопфатна влада.

Во македонскиот кампус победи ВМРО-ДПМНЕ. Влада без Албанци не може да има иако освоија 58 пратеника. Ние не сакаме по секоја цена да бидеме дел од владата туку мислиме дека доколку сакаме стабилна и сеопфатна влада, тогаш треба да ја има и албанската опција ВРЕДИ во идната влада“, вели Изет Меџити.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Канал 5 истакна дека не сака да биде доведен во ситуација да преговара под ултиматуми. Како што ги почитува 107-те илјади гласа на ВРЕДИ, така и ВРЕДИ треба да ги почитува 437-те илјади гласа на коалицијата на ВМРО.

А што ќе прави Европскиот фронт? Го прашавме Талат Џафери дали очекуваат ЕФ да биде дел од владата уште еден мандат. Џафери рече дека овие прашања се дел од меѓупартиските калкулации, а дека тој е фокусиран на работата како технички премиер.

Инаку во медиумите започнаа шпекулациите за тоа што ќе и припадне на ВРЕДИ во идната влада. Како што се вели, ВРЕДИ ќе ја добие позицијата претседател на Парламентот, 4 министерски места и околу 300 раководни позиции. Според освоените мандати од двата табора, парламентарното мнозинство меѓу ВРЕДИ и ВМРО ќе брои 71 пратеник.