Одрони на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регионалниот ЦУК – Штип, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, е добиена пријава за одрони на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица (200 метри после знакот за с. Бигла). За итниот случај од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци за нивната понатамошна постапка односно, по контактот со ЦУК, нивни екипи се испратени на терен да интервенираат во расчистување на одроните.

Инаку, Регионалниот ЦУК Тетово извести дека по пријавувањето на Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, за вода на ул. „Мехмет Паша Дерала“ бр.62, од страна на ЈКП-Тетово е постапено по неа водата е целосно отстранета.
По интервенцијата и сообраќајот е вќе нормализиран на улицата.