Бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Габриел Жезус, најверојатно ќе биде следниот фудбалер кој ќе се пресели во Саудиска Арабија. Искусниот напаѓач веќе е информиран дека во новата сезона ќе нема статус на стандарден првотимец и дека ќе има нова конкуренција во нападот па затоа Жезус е подготвен да ги разгледа богатите понуди од С.Арабија.