Ќе се снима филм за Силвестер Сталоне и најпознатата приказна од неговиот живот

78

I Play Rocky е нов филм кој ќе ја раскаже приказната за тоа како Силвестер Сталоне го снимил првиот филм за Роберт Роки Балбоа во 1976 година.

Филмот, кој ќе го режира Питер Фарели, моментално е во развој и ќе биде понуден на потенцијалните купувачи на претстојниот филмски фестивал во Кан.

Заплетот ќе го следи сиромашен актер со делумно парализирано лице и говорна мана, кој за три дена пишува сценарио за филм што големо студио сака да го купи, но тој одбива да го продаде доколку не ја добие главната улога.

Имено, продуцентите многу сакале Роки да го глуми Џејмс Кан, но Сталоне не сакал да попушти. Неговата упорност навистина се исплатела.

Сталоне одбил да земе 350.000 долари за сценариото, но се согласил со понудените 35.000 долари и дозволе да го игра главниот лик. Како што е познато, Роки стана најголемиот хит во кината во 1976 година.

Снимен е за 1,2 милиони долари и заработил повеќе од 117,2 милиони долари. Имал и десет номинации за Оскар и освои три награди, вклучително и за најдобар филм.

Според извори, кастингот е во тек и активно се трага по лицето кое ќе го игра Сталоне. Засега не се знае дали и на кој начин Сталоне ќе се вклучи во овој проект.