Македонија
10. May 2024 - 16:47

Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска

Повеќе од 100 дена колку што траеше мандатот на Џафери никој не ја искосил тревата во дворот на Владата.

Со доза на загриженост од можноста да се појави некоја змија, новинарите кои денеска дојдоа да ја слушнат последната прес конференција на првиот премиер Албанец се пробиваа низ обраснатиот двор.

Џафери на заминување обвини дека тој немал обврска да се грижи за косењето на тревата и за тоа ја посочи градоначалничката на Скопје.

Жалам што изгледот на дворот на Владата е таков, што тревата не е искосена, но Владата нема надлежност во тој дел, зашто земјиштето е во сопственост на Градот Скопје. Во изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на Град Скопје во однос на изборниот резултат. Така што граѓаните гледаат, граѓаните оценуваат, вреднуваат и со го дадоа својот одговор“,

Кој и зошто не ја искосил тревата додека се трошат милиони од народните пари. Џафери тврди дека земјиштето е во сопственост и надлежност на Град Скопје.

Разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето околу Владата е сопственост и надлежност на градот Скопје и според работата и обврските ‘Паркови и зеленило‘ како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот град е надлежно за таа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи кои се во надлежност на друга институција“,

Демант од Арсовска пристигна веднаш по изјавата. Доколку Џафери сакал ЈП Паркови и зеленило да се грижи за зеленилото, требало да склучи договор со нив согласно законот.

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.

За косење на тревата и одржување на дворот Владата склучила договор тежок  над 300.000 евра. Ангажирана е фирмата Триста Груп од Скопје и тоа уште во јули минатата година. Рамковна спогодба во која не стои прецизно рок до кога оваа фирма треба да ги исполнува обврските. Но токму овој документ е еден од потврдите дека Владата сепак плаќа надворешни приватни фирми за зеленилото. Истата фирма во сопственост на Атанас Пашовски била ангажирана и во 2019, за околу 780 000 евра. Името на сопственикот се поврзува и со фирмата Флорастатa активна во градежниот бизнис. Со оваа фирма истиот сопственик добивал тендери и за хортикултурно уредување во  општините.