Пикфорд или Рамсдејл

76

Лондонскиот премиерлигаш Челзи планира за време на летниот преоден рок да ангажира нов голман. Англиските медиуми открија дека „сините“ планираат да испратат официјална понуда за резервниот голман на лутиот градски ривал Арсенал, Арон Рамсдејл, а ќе има понуда и за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд. Истите медиуми тврдат дека поголеми шанси за преселба на „Стемфорд Бриџ“ има Пикфорд кој не крие дека сака да брани и во Лигата на шампиони.