Рот за изборите во Македонија: За триумфот на десниот национализам е виновна и ЕУ, Русија и Кина ќе бидат среќни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот гемрмански министер за надворешни работи и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот ги коментираше резултатите на изборите во Македонија. Кажа дека со резултатите е нанесен сериозен удар за амбициите на ЕУ и дека Русија и Кина ќе бидат среќни.

„Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија. Нанесен е сериозен удар за амбициите на ЕУ. За ова не е одговорна само сменетата  социјалдемократска влада, туку државите на ЕУ кои ги европеизираа билатералните проблеми и ги уценуваа.Ако ги продолжиме преговорите за пристапување во ЕУ на таков технократски начин, младата генерација ќе замине од Западен Балкан, а национализмот и скептицизмот во ЕУ драстично ќе се зголемат. Русија и Кина треба да бидат среќни. Конечно ни треба рестарт и процес без блокади“, напиша Рот на социјалната мрежа „Икс“.