„Рекоа дека не сум добар, сега треба да молчат и да ме гледаат“

1484

Един Терзиќ е третиот тренер кој ја одведе Борусија од Дортмунд до финалето на Лигата на шампионите по Отмар Хицфелд во 1997 година и Јирген Клоп во 2013 година. Не така одамна, пред околу еден месец, имаше ултиматум поради малку полоши резултати во Бундеслигата и му се закануваше отказ, но на крајот направи неверојатни работи во најголемото клупско натпреварување.

За него некако најмногу се зборува кога е во прашање овогодинешното „чудо во ЛШ“, но голема заслуга имаат играчите кои завршија неверојатна работа.

Меѓу нив е и искусниот играч за врска Емре Џан кој го нарекуваат „грдото пајче на ЛШ“. Капитенот на Борусија дојде во Дортмунд во 2020 година, а претходно играше за Јувентус, Ливерпул, Баер Леверкузен и Баерн (М).

Фудбалерот со турско потекло доби многу критики за време на престојот во Борусија, а и самиот призна дека се чувствува многу поценет во Германија.

“Имам сосема поинаков статус во странство. На пример, во Англија. Не знам зошто. Можеби таму повеќе ги почитуваат моите достигнувања или повеќе ме ценат како играч. Во Германија секогаш ме критикуваа повеќе”, изјави Емре Џан.

По пласманот во финалето на ЛШ, кое ќе се игра на „Вембли“ на 1 јуни, Џан ја искористи можноста да им се обрати на своите критичари.

„Има толку многу луѓе кои секогаш велат дека не сум толку добар. Сега мора да молчат и да ме гледаат во финалето“, изјави фудбалерот за „Скај“ по натпреварот во Париз

Џан, кој стана неприкосновен за тренерот Един Терзиќ, истакна дека “секако дека верувам дека сме во финалето. Ние сме одличен тим и игрите што ги прикажавме се неверојатни. Ако не примите ниту еден гол против ПСЖ, тоа значи дека сте вложиле многу квалитет во тоа“.

“Горд сум што сум капитен на овој тим. Многу сум возбуден и горд во исто време. Сето ова е резултат на напорна работа. Ние сме во финалето и сега се надеваме дека ќе ја освоиме ЛШ“, изјави Чан.