Фудбалерите го губат трпението, се заканија со тужба на ФИФА

Фото: EPA-EFE/Nina Osorio

Meѓународната асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПро) побара од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да се разгледа планот за Светското клупско првенство кое ќе се игра во нов формат.

Од следната сезона сите три европски клупски натпреварувања ќе се прошират и во нив ќе учествуваат по 36 екипи, а исто така ФИФА најави промена на форматот на Светското клупско првенство каде што во иднина ќе играат 32 екипи и би требало да се одржи од 15.јуни до 13.јули 2025 година.

ФИФПро и Меѓународната асоцијација на лигите изрази загриженост за сите промени и упати писмо до првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и генералниот секретар Матијас Графсром. Двете асоцијации во писмото наведуваат дека фудбалскиот календар е пренатрупан и националните лиги поради тоа имаат проблем правилно да се организираат.

„Ваквата ситуација ги става националните лиги во ризик и влијае на здравјето на фудбалерите“, стои во дел од соопштението.

Прашањата треба да бидат претставени на Конгресот на ФИФА закажан на 17. мај во Банког.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот