fbpx

Како влијае СТРЕСОТ врз КАРДИОВАСКУЛАРНОТО ЗДРАВЈЕ?

tonus

Стресот понекогаш го гледаме како минлив и занемарлив дел од секојдневието кој впрочем има силно влијание врз нашето здравје. Денес ќе зборуваме накратко за неговото влијание врз нашето кардиоваскуларно здравје.

 

Што претставува стресот и кои се неговите најчести симптоми?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото. Тој може сериозно да го наруши здравјето и да го зголеми ризикот за бројни заболувања.

"“Online”/

Стресот го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани. Хроничниот стрес може да доведе и до одредени промени во организмот, како: промен во централниот нервен систем, промени во ендокриниот систем (лачење на стрес хормони), промени во респираторниот и кардиоваскуларен систем (забрзано срцебиење и дишење), стегнатост во мускулите, проблеми со дигестијата, ослабнување на имуниот систем и сл.

Многу повеќе за ефектите на стресот, особено на хроничниот стрес – може да прочитате тука.

 

Како влијае стресот врз кардиоваскуларното здравје?

Стресот, особено хроничниот, има длабоки ефекти врз кардиоваскуларното здравје, влијаејќи на физиолошките и психолошките фактори и механизми. Кога телото е под стрес, се активира т.н оска: хипоталамо-хипофиза-надбубрежни жлезди, но и делови од нервниот систем, што доведуваат до ослободување на стрес хормони како што се кортизолот и адреналинот. Овие хормони предизвикуваат низа на физиолошки реакции, вклучувајќи зголемен пулс и покачен крвен притисок. Продолженото излачување на овие хормони и нивното продолжено дејство може да придонесе за низа на кардиоваскуларни проблеми, како хипертензија, артериосклероза и коронарна артериска болест.

Покрај тоа, стресот може индиректно да влијае на кардиоваскуларното здравје преку нездравите начини за справување со стрес, како што се пушењето, прекумерното консумирање алкохол, нездравата исхрана и физичката неактивност – дополнително влошувајќи ги ризик факторите за срцеви заболувања. Хроничниот стрес се асоцира и со влошен ритам и квалитет на спиење, нешто што значајно влијае на кардиоваскуларното здравје.

Исто така, вознемиреноста и психолошкиот товар поврзан со стресот, како и анксиозноста и депресијата, се директно поврзани и со зголемен ризик од морбидитет и смртност од кардиоваскуларни проблеми. Накратко, јасно е дека ефектите на стресот врз кардиоваскуларното здравје ја нагласуваат важноста од правилни и ефективни начини за управување со стресот и истите треба да се сметаат за главна превентивна алатка. Повеќе на таа тема може да прочитате доколку кликнете ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор