ВИДЕО | „Не мора да одговориш ако не сакаш“: Претставничката на Израел на Евровизија доби непријатно прашање, остана без зборови

Еден Голан / Фото: Instagram / golaneden

По втората полуфинална вечер на Евровизија, што се одржа синоќа, претставничката на Израел, Еден Голден на прес-конференцијата одговараше на прашања на новинарите, а едно прашање не ѝ беше пријатно.

Претставничката на Израел, Еден Голан влезе во финалето на најголемиот музички натпревар „Евровизија 2024“, по што одговараше на прашања на новинарите на прес-конференцијата.

Едно прашање ја остави без зборови претставничката на Израел, но таа сепак одговори на него.

Имено, ѝ било поставено прашањето: „Дали мислиш дека со твоето присуство претставуваш опасност за сите, за учесниците и за јавноста?“

 


По поставеното прашање, ја советувале дека не мора да одговори на тоа прашање.

Еден член од нејзиниот тим ѝ рекол пред сите: „Не мора да одговориш на ова ако не сакаш“, но Еден Голан, сепак, одлучила да одговори.

– Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки ова натпреварување да биде безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука – одговорила Еден Голан, која не беше пријателски пречекана во шведскиот град Малме.

 

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, се слуша како публиката на полуфиналната проба свирка и скандира „Слободна Палестина“, по што Еден побегнала од салата. Поради учеството на Израел на Евровизија, имаше и масовни улични протести.

Хрватска е најголем фаворит за победа на Евровизија: Бејби Лазања се искачи на првото место на обложувалниците

Бројни реакции за учеството на Израел на Евровизија, реагираше и Нетанјаху

ФОТО | Инцидент на евровизиска проба: Мажи покажаа палестински симболи за време на настапот на Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот