Познат нигерски фудбалер се бори за живот, неговиот брат загина во сообраќајна несреќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Легендарниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида се бори за живот во болница во Нигерија, откако имал тешка сообраќајна несреќа во која загинал неговиот брат Ибрахим.

Бабангида освен со брат му Ибрахим, бил и со неговата сопруга, која исто така е повредена во незгодата.

Сообраќајката се случила на автопатот Кадуна – Зарија.

Тијани Бабангида е попознат од неговиот брат, кој исто така беше фудбалер. Тијаниа играше во Рода, Ајакс, Генчлербирлиги, Витезе, а одигра 36 меча за Нигерија. Неговиор брат Ибрахим има 47 години, а во 1993 година го освои СП за фудбалери до 17 години.