Ракометарите со порака пред реваншот против Фарски Острови: Битката се води до самиот крај, заедно сме посилни!

Македонската ракометна сениорска репрезентација/фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија в недела ја чека тешка задача во реваншот од баражот за пласман на Светското првенство наредната година.

Во средата избраниците на Кире Лазаров беа поразени со високи седум разлика од Фарски Острови (34:27) во Торшван и во Скопје задачата воопшто нема да биде лесна.

Фарски Острови се репрезентација во подем и беа најголемо изненадување на последното Европско првенство, сепак македонските ракометари нема да истрчаат со бело знаме. Преку социјалните мрежи тие сега повикаа на голема поддршка од трибините.

„Битката се води до самиот крај – заедно сме посилни“, гласи објавата на Инстаграм профилот на Ракометната федерација.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 20:00 часот.

Фото: Screenshot/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот