Дали Бејџан Илјаз е пратеникот кој ќе се присоедини со ВМРО-ДПМНЕ? Тој зборува за ТВ21

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Меѓу добитните имиња во шестата изборна единица од Европскиот фронт предводен од ДУИ е и Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците.

Шестата изборна единица, која го опфаќа северозападниот регион од земјава, доминантно населен со албанско население, е најдобитен за коалицијата „Европски фронт“ – таму освоија девет пратеника.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во телевизиско интервју рече дека има пратеници од други партии и коалиции кои сакаат да се присоединат кон ВМРО-ДПМНЕ. Имиња не се откриваат, но партиски извори за ТВ21 велат дека меѓу нив е и името на Бејџан Илјаз.

Телефонски разговаравме денеска со него. Тој вели дека со ВМРО-ДПМНЕ разговарале пред да влезат во Европскиот фронт на ДУИ, но тогаш средби имале и со СДСМ и со Влен.

„Ниту во еден момент не сме ниту разговарале, ниту некој не контактирал ниту ние сме контактирале некој за да ја промениме страната, коалицијата, односно да бидеме дел од Власта. Гледам дека овие денови има шпекулации, но ние стоиме позади договорот кој го потпишаме со Европски фронт и продолжуваме заедно“, вели во телефонска изјава Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците.

На дополнително наше прашање, дали лично тој како кандидат кој доби мандат за пратеник размислува различно од партијата, тој додава:

„Ниту лично размислување, ниту план. Тоа не е фер политички. Партијата никогаш во својата историја не го изневерил својот политички парнтер. Ние во 2016 година излеговме од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и останавме неколку месеци опозиција, знајќи дека треба да дадеме придонес кон промените кои настанаа за да биделе дел од НАТО Алијансата“, додава Илјаз.