Концерт на ФА „Китка“ на плоштадот во Виница

14

Фолклорниот ансамбл „Китка, најголемиот истибањски белег, прочуен низ цел свет, на чело со господинот Стојко Митковски, утре во 18 часот, на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница ќе одржи концерт.

Концертот е насловен „Ѓурѓово лето пролето“, а на него ќе се презентираат народни ора, песни и обичаи од овој крај.

Носител на проектот е Домот на културата „Тошо Арсов“, а е финансиран од Министерството за култура.