Мицкоски на средба со претседателите на коалициските партии: Добивме поддршка за почнување преговори за нова влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со претседателите на коалициските партии.

„Денеска остваривме средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“.

Беше констатирано дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.

Добивме поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада.

Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се водат на основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.