Во март издадени 321 одобрение за градба, Скопје ќе добие нови 607 станови

Згради станови / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во март се издадени 321 одобрение за градење, а повеќе од половина од становите, 607 се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 101, по што следуваат Полошкиот, 65, Југоисточниот, 41, Источниот 34, Југозападниот 25, Вардарскиот, 22, Пелагониски, 21. Со најмалку одобренија, 12, е Североисточниот регион.

Од вкупниот број одобренија, 193 (60,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17,5 проценти) од нискоградба и 72 (22,4 проценти) за објекти за реконструкција.

На 200 објекти (62,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Како што наведува ДЗС, во извештајниот период е предвидена изградба на 1 013 станови, со вкупна корисна површина од 72 506 метри квадратни. Од 607-те станови предвидени во Скопскиот регион, 487 се во Општина Ѓорче Петров, 44 во Општина Петровец, 43 во Општина Гази Баба, 19 во Општина Аеродром, а по четири стана во Центар и во Сопиште.

Статистичките податоци од почетокот на годинава покажуваат дека во јануари годинава биле издадени 256 одобренија за градење, со предвидена изградба на 615 станови, а во февруари 387 одобренија за градење, со предвидени 951 стан од кои 606 во Скопскиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот