ВИДЕОАНКЕТА | Што мислат граѓаните после изборите?
Два дена после претседателските и парламентарни избори „Слободен печат“ ги праша граѓаните што мислат за изборите и дали очекуваат промени и подобро утре? Генерално сите анкетирани се надеваат на промена, велат дека редно време е таа да се случи.
-Полошо од тоа што беше досега не можеше да биде, мислам дека сите дна беа пробиени- вели скопјанец.
Постар господин објаснува дека сега пред нас стои многу работа, неизвесност. Друг пак објаснува дека само се вртиме во круг.
-Па, би требало да се промени животот, народот, да имаат младите работа, да не излегуваат од Македонија- вели една госпоѓа.
На прашањето што мислат за претходната власт велат дека многу очекувале.
-Поскапувањата се кренаа на големо, ама платите останаа ниски- вели скопјанка.
Господин вели дека очекуваат најмногу промени во здравството, со пензионерите, младите да не ни бегаат.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: