Во МНР се одржа третиот состанок на политичките директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Трет состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ/ Фото: МНР

Во Министерството за надворешни работи денеска се одржа третиот состанок на политичките директори кои учествуваат на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На состанокот, како што соопштија од МНР, присутни биле и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

-На состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на Министерскиот состанок, што ќе се одржи во рамки на нашето претседавање со ПСЈИЕ, се наведува во соопштението.

Македонија претседава со ПСЈИЕ од јули 2023 до јули 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот