Две лица се повредени откако со мотоцикл се забиле во метален столб на „Партизанска“

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Две лица се тешко повредени откако со мотоцикл се забиле во метален столб на булеварот „Партизански одреди“.

„Утрово во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот