ВИДЕО | Скандал во второто полуфинале на Евровизија: Италијанците прекршија строго правило, ги објавија резултатите од гласањето

Фото: EPA-EFE/JESSICA GOW SWEDEN OUT

За време на преносот на второто полуфинале на Евровизија, додека се емитуваа клипови од настапите на финалистите, италијанската телевизија „Раи“ ги објави резултатите од телевоутингот. А, судејќи по видеото кое се шири на социјалните мрежи, Израел доби 12 поени од Италија со дури 39,31 отсто од гласовите, а Холандија доби 10 поени со 7,3 отсто од гласовите.

Синоќа во Малме, Шведска се одржа второто полуфинале на овогодинешната Евровизија каде можност да гласаат имаа 19 земји. Заедно со 16 земји кои настапија и се натпреваруваа за пласман во финалето, има и три земји кои ги претставија своите песни и веќе имаат место во финалето. Станува збор за три членки на земјите од „големата петорка“: Франција, Шпанија и Италија, чии граѓани можеа да гласаат и и тука настана проблемот.

Имено, италијанскиот јавен сервис РАИ по грешка ги објави резултатите од гласањето на гледачите, т.н. телевоутинг, што доведува до можен скандал. Италија ја претставува пејачката Анџелина Манго со песната „La noia“, а веќе е во финалето поради сумата што оваа земја ја издвојува за финансирање на музичко-сценскиот спектакл. Сепак, италијанските граѓани би можеле да гласаат за други земји, а овие податоци вообичаено не се објавуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот