fbpx

Природно ослабување на ИМУНИТЕТОТ – Што претставува ИМУНОСЕНЦЕНЦИЈАТА?

tonus

Како што старееме нашиот организам минува низ природни и очекувани промени. Голем дел од нив се неизбежни и важат за секого. Големи промени трпи и имуниот систем и неговата функција. Како што знаеме, младите и средновечните луѓе имаат поактивен, посилен имунитет кој при инфекции знае да предизвика и доста бурни реакции. Но, кај повозрасните имунитетот е побавен, помалку активен и не предизвикува толку бурни симптоми при инфекции. Денес ќе погледнеме зошто доаѓа до овие промени, односно како возраста влијае на имунитетот.

 

Која е функцијата на имуниот систем?

Имуниот систем е исклучително комплексен и неопходен механизам со кој нашиот организам се заштитува. Тој е незаменлив за нашиот опстанок и без него нашето живеење не би било возможно. Нашето тело е во постојан контакт со безброј надворешни закани. Бактерии, вируси, паразити и останати микроорганизми постојано се обидуваат да го нападнат и искористат нашиот организам. Нашиот имун систем преку огромна, комплексна мрежа на ткива и клетки, постојано нè штити од ваквите закани. Дел од плеадата на клетки кои го даваат овој заштитувачки ефект се: леукоцитите (бели крвни зрнца), фагоцитите, лимфоцитите итн. За оптимално функционирање на ваквата сложена машинерија, потребно е секако и здрав организам. Затоа, сето она што допринесува за нашето општо здравје (исхрана, здрав начин на живот, редовна физичка активност, квалитетен сон), ќе допринесе и кон поздрав и посилен имун систем.

 

Како влијае возраста на имуниот систем?

Како што луѓето стареат, имуниот систем претрпува значителни промени, процес познат како имуносенценција. Една забележлива промена е намалена функција на тимусот, што доведува до намален излез на Т-клетки, клучно за препознавање на нови патогени. Покрај тоа, има и постепено опаѓање на различноста и функционалноста на Б-клетките, што резултира со намалено производство на антитела и послаб одговор кон вакцинација.

"“Online”/

Стареењето е поврзано и со очекувано хронично воспаление со понизок степен кое се карактеризира со покачени нивоа на проинфламаторни цитокини и намалени антиинфламаторни медијатори. Оваа хронична воспалителна состојба придонесува за оштетување и дисфункција на ткивата, што дополнително ја влошува функцијата на имунитетот.

Возраста влијае и на способноста на имуните клетки да комуницираат и ефикасно да се координираат, што доведува до нерегулирани, послаби имунолошки реакции и зголемена подложност на инфекции, автоимуни болести и рак. Дополнително, се јавува феноменот на имунолошка исцрпеност, каде што имуните клетки имаат послаб одговор кон некаков стимул, што пак ја нарушува нивната способност да создадат ефективен имунолошки одговор.

Додека стареењето неизбежно влијае на имунолошкиот систем, начинот на живот може да помогне ваквиот очекуван процес да се забави и ублажи.

Преку редовно вежбање, урамнотежена исхрана, соодветен сон и управување со стресот може да се ублажат некои од овие ефекти, со цел здраво стареење и одржување на подобра функција на имуниот систем.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор