Новиот шкотски премиер верува дека земјата ќе стане независна во следните пет години

Џон Свини / Фото EPA-EFE/ROBERT PERRY

Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години.

-Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз.

Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последици од Брегзит и дека тоа се „значајни стратешки фактори кои предизвикуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“.

-И одговорот на тоа е независност, рече Свини.

Тој потсети дека Шкотска е „избркана од Европската унија против своја волја“, со оглед на тоа што мнозинството гласаше против Брегзит, односно таа земја од Обединетото Кралство да остане во ЕУ.

Ветеранот на Шкотската национална партија (СНП) Свини на 8 мај беше избран за прв министер на шкотската Влада, наследувајќи го Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени, јавија британските медиуми.

Јусаф поднесе оставка како лидер на про-независната СНП, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да преживее гласање за доверба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот