Македонија се задолжува 50 милиони евра
Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата.
Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина.
- Помошта ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Северна Македонија. Тоа ќе и помогне на а Македонија и да напредува на нејзиниот европски пат, се додава во соопштението.
Обезбедувањето на оваа поддршка следува откако Еврокомисијата утврдила дека земјата ги исполни релевантните политички обврски договорени со ЕУ за ослободување на првата транша. Инаку целокупната тековна операција за макрофинансиска помош за земјава е во вкупна вредност до 100 милиони евра во форма на заеми.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци