Честитка од унгарскиот претседател Тамаш Суљок до Силјановска – таа му се заблагодари на унгарски јазик!

49
EPA-EFE/Leszek Szymanski

Пријателска честитка на изборот за претседателка на  Гордана Сиљановска-Давкова упатил претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок. Во честитката на унгарскиот претседател меѓу другото стои дека тој со задоволство очекува, како што вели, да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.

Благодарност за честитката изразила Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција.

– Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново „Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“, се додава во соопштението од Тимот на ГСД.

Благодарност за честитката изрази професорката Гордана Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција. Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново:

„Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“