Хамас побара 12-неделно примирје, блокирајќи го договорот

Хамас побара 12-неделен прекин на огнот во преговорите за да се постигне договор, што е повеќе од предложеното шестнеделно примирје, спречувајќи договор на разговорите во Каиро, објави во петокот Си-Ен-Ен, цитирајќи тројца информирани извори.

Израел го отфрли барањето.

Официјален претставник на администрацијата на Бајден рече дека Израел јасно ја кажал својата намера да го задржи правото да ги разбие преостанатите четири баталјони на Хамас во Рафах и дека мора да има одредена агилност за да може војната да продолжи. Тој, исто така, рече дека Израел нема да може да ја постигне својата цел доколку шестнеделниот прекин на огнот што беше договорен за првата фаза од договорот продолжи во следната фаза.

Во предлогот на Хамас, според Си-Ен-Ен, се вели дека секој од чекорите во првата фаза, вклучувајќи привремено затишје во воените активности, испорака на хуманитарна помош и повлекување на израелските трупи, ќе продолжи во следната фаза додека не се објави „одржлив мир“. Високите претставници на администрацијата додадоа дека промените во позицијата на Хамас би можеле да бидат затоа што нивните преговарачи не биле во координација со Јахја Синвар во Газа.

Хамас се согласи во претходната фаза од разговорите, на шестнеделен прекин на огнот, а официјалните лица кои разговараа со мрежата рекоа дека нивните сегашни барања се целосно контрадикторност. Израелски официјален претставник рече дека Израел не може да се согласи на 12-неделно затишје пред да бидат ослободени заложниците.