Зошто не е искосена тревата околу Владата? – Џафери: Тоа е надлежност на Градот, соодветен одговор на изборите доби градоначалничката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На новинарско прашање околу тоа зошто не е искосена тревата во дворот на Владата, техничкиот премиер Талат Џафери порача дека знае оти има реакции, но тоа е работа на ЈП „Паркови и зеленило“.

„Разбирам дека има реакции по тоа прашање, според процедурите тоа е сопственост и надлежност на Град Скопје, и според работата и обврските „Паркови и зеленило“ како јавно претпријатие кое што се грижи за изгледот на главниот град е надлежно за таа работа. Владата ниту има предвидено средства, ниту пак може да предвиди средства за надлежност на други институции, во тој контекст јас жалам што изгледот е таков но секако и во изборите мислам дека соодветен одговор доби и градоначалничката на Градот Скопје по однос на изборниот резултат. Така да, граѓаните гледаат, граѓаните оценуваат, вреднуваат и си го дадоа својот одговор“, вели Џафери.