Подготвени ли се за опозиција? – Џафери: Да завршат прво преговорите, другото е прашање на исходот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На новинарско прашање околу тоа дали се спремни за опозиција, со оглед на тоа дека од ВМРО-ДПМНЕ јасно даваат изјави дека не сакаат влада со ДУИ, денеска Талат Џафери порача дека тоа се прашања за партијата.

Како што порача, тој е премиер и треба да се фокусира на таа работа.

„Јас сум премиер и размислувам за мандатот кој што треба да го завршам. Прашањата по однос на поставеното прашање се прашања на органите на партијата, и во тој контекст да завршат преговорите, другото е прашање на исходот на сите преговори за состав на нова Влада“, вели Џафери.