Унгарскиот претседател Тамаш Суљок упати честитка до Силјановска – таа му се заблагодари на унгарски јазик!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пријателска честитка на изборот за претседателка на Гордана Сиљановска-Давкова упати претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.

Во честитката стои дека тој со задоволство очекува да соработуваат и да ги зајакнат нашите билатерални односи.

Благодарност за честитката изразила Силјановска Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција.

Таа својот одговор го напиша на унгарски и на англиски јазик.

„Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција“, се додава во соопштението од Тимот на Силјановска Давкова.