Познати уште 10 финалисти на Евровизија 2024

Заврши втората полуфинална вечер на Евровизија 2024 на која беа избрани уште 10 изведувачи кои се пласираа во финалето, кое ќе се одржи в сабота на 11 мај.

По избројаните гласови, во финалната вечер ќе настапат и Латвија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.

Од првата полуфинална вечер во финалето се пласираа Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Објавен е и распоредот на сите 26 земји кои ќе настапат во финалето. Домаќинот Шведска ќе ја отвори финалната вечер во сабота, а последна ќе настапи Австрија.