Breaking News

Францускиот министер Лекорну вети подобра заштита на жртвите на сексуално насилство во армијата


Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну ќе формира специјална работна група за подобра заштита на жртвите и казнување на сторителите на сексуална злоупотреба во војската.


Тој го објави ова во својата статија објавена во весникот „Монд“Работната група, која ќе треба да ги прегледа дисциплинските процедури и „да излезе со силни препораки за командантите“, ќе ја предводи генералниот инспектор на вооружените сили и жандармеријата.


Иницијативата има за цел да го реши прашањето за сексуално вознемирување и злоупотреба во војската, институција која традиционално молчи за ваквите прашања и е под зголемен притисок откако жените-војници почнаа да зборуваат оваа година за сексуалната злоупотреба во локалните медиуми.

„Војникот се приклучува во армијата на Франција за да се брани, а не да напаѓа.


Така што, да бидеш сексуално нападнат или вознемирен, дури и ако си војник, те прави жртва“, напиша Лекорну во својата статија. рп/Фото: ЕПА  .

Извор: МИА