Израел незапирливо расте во обложувалниците: по свирежите, пејачката Еден Голан поздравена со овации

by Fokus

Синоќа во Малме се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија 2024, на кое настапија 16 земји.

Од нив само 10 продолжија во финалето, кое ќе се одржи во сабота. Претставничката на Израел, Еден Голан синоќа настапи под број 14. По нејзиниот настап придружен со свирежи, публиката се смири и навиваше за Еден.

Во обложувалниците Израел незапирливо расте.

Од земја која имаше речиси минимални шанси да победи на ова натпреварување, Израел за само еден час се искачи на четвртото место на обложувалници со 7 отсто и продолжува да расте. Ги надмина до неодамна фаворитите Ирска и Италија.

Во исто време, Швајцарија незапирливо паѓа, сега на 14 проценти.

Инаку, тоа се случува и откако се прошири веста дека италијанската телевизија наводно случајно ги објавила резултатите од телевоутингот, според кои може да се види дека Израел имал дури 39,31 отсто од гласовите на публиката, додека второпласираната Холандија, доколку податокот е точен, ималa само 7 проценти.

Поврзани новости