Маж застрелал двајца полицајци во Париз

Маж застрела двајца полицајци во полициска станица во француската престолнина Париз.

Повредените полицајци се во тешка состојба. Инцидентот се случил нешто пред 22:30 часот во дел од 13-та област.

Напаѓачот го земал оружјето од полицаецот и почнал да пука. Тој бил приведен за семејно насилство.

Мажот, чие име не се споменува, бил уапсен поради „семејно насилство“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нунез.

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, но тој го украде оружјето од полицаец и тешко повреди двајца полицајци“, рече Нунез.

Париското обвинителство соопшти дека отворило три истраги против напаѓачот – за обид за убиство на жена, за обид за убиство на службени лица и за намерно насилство со оружје врз службено лице.