Живот
10. May 2024 - 9:25

Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија

По втората полуфинална вечер на Евровизија, избрани се уште 10 натпреварувачи кои ќе ги претставуваат своите земји во големото финале и ќе се борат за титулата на најголемото музичко натпреварување на Стариот континент.

Тоа се Латвија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.

Да потсетиме, за време на првото полуфинале, одржано во вторник, во финалето се пласираа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.

Има и земји-основачи на натпреварот кои секогаш одат директно во финалето – Франција, Шпанија, Италија, Германија и Велика Британија.

Финалето на Евровизија ќе се одржи на 11 мај во Малме, Шведска.